„Итно копче“ - со едно притискање на алката или ланчето каде е поставен аларм граѓаните кој имаат потреба од итна помош може да се јават во Црвениот Крст.
Овој проект на Црвениот Крст е направен за луѓе над 65 годишна, и за оние кои се помлади, но имаат одредени попречености. Предност имаат луѓе кои што живеат сами и луѓе кои ја користат услугата нега и помош во домот од страна на негователи. Сите оние кои ги исполнуваат овие услови може да се пријават на телефонскиот број 071 23 22 63.
Кога ќе се пријават и ќе ги дадат сите податоци за себе тие влегуваат во системот за нивната состојба и место на живеење. Во случај на итност го стикскаат копчето. Операторот оценува каква помош му треба на лицето и заминуваат на помош на терен. Но, доколку е во живото загрозувачка состојба тогаш викаат итна помош.
Многу често се помага за да се замине на лекар со возило на Црвен Крст и во целиот процес во болницата до враќање во неговиот дом му помага екипа од Црвен Крст. Претходно ваквата услуга требаше да се најави и да се органиира од страна на операторот.
Оваа услуга засега е бесплатна до наредната година и се пријавиле 150 луѓе, велат од Црвениот Крст.
извор: kanal5.com.mk