Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 27.06.2022 (понеделник), во периодот од 07.00 до 10.00 часот ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Полициските службеници ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на бул. „Александар Македонски“ со ул. „16. Македонска бригада“ во Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.