Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 60А/2018
за вработување на 13 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие за државни патишта за следните работни места
Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од РМ
Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од МФИ
Советник за изработка и следење на проектна документација со средства од РМ
Советник за подготовка на тендери со средства од МФИ
Раководител на одделение за заштита на животна средина и социјални аспекти
Советник за заштита на животна средина
Советник за инвестиции од делот за електроенергетски објекти