Оваа година имаме рекордна побарувачка на огревно и техничко дрво. Според пишувањата на медиумите, огревното дрво за загревање на домовите чини до 5.000 денари по кубик, по обиколката на приватните складишта..
Но што е со граѓаните, кои своите домови ги топлат со пелети? Дали државата намерно ги изостави субвенциите за ова еколошко греење?
Додека власта ја регулира цената на електричната и топлинската енергија, цената на пелетите се формира слободно на пазарот и во моментов оди само нагоре. Субвенции на цената на пелетите нема да има, па така граѓаните што го користат еколошкото греење на пелети очигледно ќе имаат една од најскапите грејни сезони.
Ако минатата година пред грејната сезона една вреќа од 15кг пелети чинеше 190 денари во моментов се продава 370 денари, а се очекува да поскапат уште повеќе до септември.
Пресметките велат за 100 метри квадартни за грејната сезона се потребни околу 3 тони пелети или три палети. На една палета има 70 вреќи пелети што значи дека лани за три тони пелети едно семејство платило 39.900 денари додека годинава ќе плати 77.700 денари. Ако се поделат на 6-те месеци грејна сезона, еден месец лани чинел 6.650 денари, додека претстојната сезона ќе чини 12,950 денари. Читај повеќе на https://pari.com.mk/alarmantno-drzavata-gi-zaboravi-grag/
извор: pari.com.mk