Општина Центар е една од локалните единици на самоуправа каде што има најголем проблем со паркинг-простор. Поради атрактивноста на општината, многубројните локали, фирми, продавници и други атрактивни локации, во оваа скопска општина се бара паркинг плус. Ситуацијата е најсериозна на локациите каде што се сместени голем број угостителски објекти, чии посетители ги паркираат своите возила во непосредната близина на локалите во кои седат. Дополнително, угостителите за време на летниот период поставуваат летни тераси, кои ги оградуваат за да не им пречат минувачите, па пешаците веќе немаат каде да се движат. Ниту можат да се движат на улица, поради возилата, ниту пак на тротоарите, кои се делумно заградени за употребен простор од страна на угостителите. Ваквиот проблем, на штета на пешаците, станува алармантен, па токму затоа општинските власти одлучија да се зафатат со решавање.
Во Редакцијата на Нова Македонија граѓаните постојано алармираат дека немаат каде да пешачат на оваа улица, бидејќи таа е преполна со маси, столчиња и автомобили.
– Со количка и мало дете немам каде да се движам. Преблокирана е улицата, што од возила што од летни тераси. Некои од угостителите дури и си ги заградиле терасите, за ние, пешаците, да не им пречиме и да не се движиме помеѓу гостите. Да, знам дека сите сакаат со возило да одат што поблиску до локалот, а угостителите сакаат да имаат што е можно повеќе маси, но мора да се мисли и на нас пешаците – вели мајка на бебе, која неодамна шетала на оваа атрактивна улица во Центар.
Целиот текст прочитајте го на novamakedonija.com.mk