Граѓаните не го разбираат новиот тарифник за струјата и не знаат како да ја пресметаат потрошувачката на калкулаторот што е објавен на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика. На многумина им е нејасен начинот на пресметката на цената, и се збунети. Не знаат кој ќе плаќа повеќе кој помалку, колку ќе биде евтината тарифа, колку ќе плаќаат за мрежарина…
И дел од експертите се согласни дека голем дел од граѓаните не ги разбираат тарифникот и новиот начин на пресметка на цената на струјата, велат дека e воведен само за да го оправда поскапувањето на струјата.
Тарифникот е неразбирлив за граѓаните и повеќе ги збунува. Тие не може да разберат која е поскапа која е поевтина тарифа и за колку ќе им се зголеми цената по блокови. Мислам дека тоа беше и целта на власта да ги збуни граѓаните за да го оправда зголемувањето на цената на струјата. Можеа попросто да им го објаснат на граѓаните, но мислам дека во моментов ни самите не знаат што сакаат да постигнат со новиот тарифник. Едно е сигурно – дека сметките за струја од 1 јули се повисоки за сите граѓани – вели за „Вечер“ енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.
Целиот текст прочитајте го на vecer.press