Знаците покажуваат дека можеби сме блиску до многу важно откритие на гас и нафта под земја, што ќе влијае на иднината на нашата земја, но ќе има улога и во енергетската иднина на Европа
Албанскиот премиер Еди Рама при последната средба со холандски бизнисмени кои моментално работат во Албанија, како и со потенцијални нови инвеститори заинтересирани да го прошират својот бизнис во оваа земја, пред новинарите соопшти дека компанијата „Шел“ пронашла нафта и гас под земја во Албанија, пренесува агенцијата Тањуг.
Тој најави дека се надева дека наскоро ќе може да излезе во јавноста со повеќе детали за искучително важното откритие, за кое какш то рече, верува дека „ќе влијае врз иднината на земјата и енергетската иднина на Европа“.
-Се надеваме дека наскоро ќе можеме да споделиме со нашата јавност, регионално и пошироко, едно многу важно откритие направено од холандската компанија „Шел“ во нашата земја. Тие во моментов не сакаат да зборуваат за бројките. Знаците покажуваат дека можеби сме блиску до многу важно откритие на гас и нафта под земја, што ќе влијае на иднината на нашата земја, но ќе има улога и во енергетската иднина на Европа“, рече Рама.