Властите во германските градови формираат кризни штабови и развиваат планови со цел да обезбедат греење за граѓаните кои нема да можат да ги платат сметките во текот на претстојната зима.
Властите на Лудвигсхафен, во германската покраина Рајнланд-Пфалц, планираат да организираат колективен центар во спортска сала каде што ќе можат да се загреат граѓаните кои не можат да се справат со поскапувањето на гасот и струјата.
За овие потреби се размислува за реновирање на спортскиот центар „Фридрих Еберт Хол“ во Лудвигсхафен, кој до неодамна служеше како ковид центар.
Во градот Рендсбург е откажана изградбата на традиционалното божиќно лизгалиште. Портпаролката на градските власти рече дека единиците за ладење трошат многу електрична енергија и дека би било неодговорно да се троши енергија поради предвидениот недостиг на гас.
Германските власти со месеци го повикуваат населението да заштеди струја за до зима да се наполнат складиштата за гас. Германија е силно зависна од гас од Русија, но поради санкциите испораките се намалени. Капацитетот на фабриката во Германија во моментов е исполнет 63 проценти.
Според податоците на Сојузниот завод за статистика на Германија, трошоците за енергија во јуни се зголемени за 38 отсто. Германската влада планира и целосно да ја прекине зависноста од рускиот гас до 2024 година.
извор: faktor.mk