Брачен пар од Сан Франциско е казнет со 1.500 долари поради паркирање пред нивниот дом. Тоа е нешто што двајцата го правеле скоро 40 години, но градскиот оддел за планирање вели дека нивните навики за паркирање го прекршуваат законот.
Сепак, некој ги пријавил и неколку нивни соседи за истиот прекршок. Шефот за планирање на Сан Франциско, рече дека ја разбира фрустрацијата на сопствениците на куќите, но градот го усвоил законот за да обезбеди сопствениците на истите да не ги паркираатавтомобилите на непрописни места.
Парот е казнет со 1.542 долари со закана од дополнителни 250 долари секој ден кога повторно ќе го паркираат автомобилот речиси во нивниот двор.
Двајцата бараат градот да ја признае грешката, но градот останува на својата одлука. Одделот за планирање наведува дека е можно парот да добие ослободување доколку докажат дека паркирале на местото веќе 40 години. Сите докази што парот успеал да ги најде не ги задоволуваа стандардите на градот.
Најверојатно ќе се најде решение за проблемот затоа што им доволиле да изградат паркинг, или гаража, што ќе им овозможи да паркираат.