Пандемијата и рестриктивните мерки сериозно ја загрозија туристичката индустрија, а многу поранешни работници од оваа индустрија побегнаа во трговија и услуги, според германскиот институт IW.
Околу 35.000 од нив работат во малопродажните синџири како Алди и Лидл, со почетна плата од најмалку 14 евра на час. Други 27.000 од нив се преселиле во секторот транспорт и логистика, често правејќи услуги како испорака, а исто толку нашле канцелариска работа.
Во исто време, туристичката индустрија не ја напуштиле само оние работници на кои ова им било дополнителна или сезонска работа, туку и они кои биле вработени на полно раотно време: во 12-те месеци од јуни 2020 до јуни 2021 година, речиси 60.000 целосно вработени, осигурени работници, односно 10,3 отсто од работната сила во тој сектор, ја сменила својата професија.
„Во ниту една друга гранка падот не е толку драматичен, ниту во апсолутни бројки, ниту во однос на учеството“, наведуваат авторите на студијата.
На повиците до германската влада да ја поедностави и забрза имиграцијата на квалификувана работна сила сега им се придружи и Баварската асоцијација на угостители. Истовремено, германските ресторани се особено заинтересирани за работниците од земјите од Западен Балкан - пренесува biznis.rs.