Тутунарите велат дека не можат да издвојат повеќе пари за аргатите затоа што и кај нив е ограничена добивката
Тутунарите постојано бараат аргати за да се собере тутунот, но и тие тешко се наоѓаат, иако работниците од час добиваат од 180 до 200 денари.
Тутунарите и годинава се соочуваат со овој проблем, а тоа е недостигот на работна рака од аргати. Поради тоа стравуваат дека од 10 до 15% од производството може да остане ненабрано.
„Тешка физичка работа, мачна работа и луѓето ја избегнуваат за овие пари кои може да сега да ги добијат, а производителите од друга страна не можат да издвојат повеќе пари затоа што и кај нив е ограничена добивката. И тоа што ќе се набери, вработените и газдите, поради немање на работна рака, одат и по 2 смени. На овие пари на аргатите, тутуноберачи плус им даваме и доручек, сокче и благо и пак не доаѓаат за работа, тешко е многу, тутунот веќе не се исплаќа, велат тутунопроизводители од Прилеп за Зелена Берза.