На сите нас понекогаш ни се чини дека денот пребрзо ни поминал. Би било одлично кога би можеле да го продолжиме барем за час, два… И кога тоа е веќе невозможно, постои нешто што се вика паметна распределба на времето. Еве кои грешки треба да ги избегнувате за да имате повеќе време.
Сакате се` да завршите сами
Морате се` да контролирате и не верувате дека вашиот колега ќе ја заврши работата онака како што сте ја замислиле. Време е да научите да прифаќате помош од своите колеги и да ја делегирате работата.
Немате одреден план
Ако немате дефинирани цели и испланирани чекори како ќе ги остварите, ќе губите време на непотребни работи и потешко ќе се фокусирате на она што е навистина важно. На крајот на денот, вашите резултати ќе бидат комплетно невидливи.
Имате погрешни приоритети
Најлошо е кога времето го трошите на неважни работи. Морате да си одредите приоритети. Мислите дека се` што е итно е еднакво важно и поради тоа не можете да направите правилна проценка. Застанете за момент и преиспитајте што мора сега, а што може подоцна да се заврши.
Мултитаскинг
Ако работите повеќе работи и задачи одеднаш, најверојатно не работите ниту еден од нив квалитетно. Докажано е дека мултитаскингот не е секогаш најдобро решение, прво завршете една, па потоа друга задача. Така сигурно ќе бидете попродуктивни.
Одолговлекување
Кога непрестано ги одложувате вашите задачи за подоцна, постојано ќе бидете под стрес. Кога ќе научите да управувате со сопственото време, тогаш времето “ќе работи” во ваша користи и нема да ви задава грижи. Се` ќе завршите во определениот рок, ако не дозволувате времето да управува со вас.
ekonomski.mk