Во зоолошката градина во Скопје пред неколку дена се роди мало срнче.
За новиот жител на градината информираше тимот на ЗОО Скопје преку објава на нивната официјална фејсбук страница. Тие не ја сокрија среќата предизвикана од раѓањето на малото срнче, односно приновата од елените лопатари.
За бебето моментално се грижи целиот тим на ЗОО Скопје, а за жал уште не знаеме дали е крстено или кое е името на срнчето. Можеби тоа уште нема име и можеби повторно граѓаните на Скопје ќе го изберат името на животното, како што беше случајот со трите лавчиња кои се викаат Ана, Хана и Луна и беа крстени по предлозите добиени на влезот од градината и на нивната фејсбук страница.
„Секогаш најмногу не радува кога имаме принова кај елените лопатари. За малото бебе кое се роди пред неколку дена се грижи целата група, а на фотографиите е со својот татко“, напишаа во објавата.
извор: skopjeinfo.mk