Дали имате HR практика која ја променила работната атмосфера и задоволството на вработените на подобро?
Пријавете се на натпреварот за Најдобри регионални HR практики! Рокот за пријавување е до 25 јули 2022 година - затоа побрзајте!
Мотивирани од размислувањето дека „знаењето се множи со споделување“, MojPosao го започна проектот „Најдобри HR практики“ уште во 2010 година, со кој ја препознаваaт висококвалитетната, посветена и ефикасна работа на професионалците за човечки ресурси и шират „know-how“ меѓу HR заедницата.
Дали сте имплементирале практика која донела позитивни промени, но загрижени сте дека практиката не е доволно иновативна? Не е сè до иновативноста! Клучот за добрата практика е, пред сè, тоа што создава дополнителна вредност за вработените и придонесува за деловниот успех. Накратко, ја прави работната атмосфера подобра.
Стручното жири ќе ги избере петте најдобри практики, кои ќе имаат можност да се претстават пред публиката на јубилејната 10-та конференција HR Days на 21 и 22 септември во Ровињ. Публиката, исто така, ќе го има последниот збор за тоа кои практики ќе добијат признание за Најдобри регионални HR практики.
Новина од оваа година е што освен компании од Хрватска, HR пракси можат да пријават и компании од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија. Компаниите можат да пријават една или повеќе практики.