
Летната сезона е во тек, а многумина ја избираат Црна Гора како место за годишен одмор. Неопходно е да се знае дека Владата на Црна Гора донесе одлука актуелните епидемиолошки мерки против коронавирусот да останат на сила од 15.07.2022 година и да бидат на сила следните 14 дена.
„Со оглед на тоа што туристичката сезона е во полн ек и голем број туристи летуваат во Црна Гора, на сопствениците на туристичките компании (угостители/хотелиери) им се препорачува строго да носат заштитни маски од сите вработени, со цел спречување на Ковид-19 и одржување на работа во текот на летната туристичка сезона“ соопшти тамошната Влада.
Се препорачува и носење маски на аеродроми, железнички станици и автобуски постојки, како и на места каде што има поголема групација на луѓе, а препораката особено се однесува на хронични пациенти, стари лица и имунокомпромитирани лица.
Носењето заштитна маска се препорачува кај вработените во предучилишните установи.
„Натамошното следење и развој на епидемиолошката состојба може да влијае на евентуална промена на постоечките мерки“ – наведуваат од Владата.
Во Црна Гора во моментов има 3.104 активни случаи на коронавирус.