Сè уште има такви кои веруваат во љубов на прв поглед, па така очите на една девојка која присуствувала на EXIT фестивалот кој пред една недела се одржа во Нови Сад, фасцинирале еден посетител на фестивалот, кој решил да ја бара преку социјалните мрежи откако вечерта не воспоставиле контакт.
Меѓу другото, тој се обидува да ја пронајде преку Фејсбук група поврзана со овој фестивал. Новисаѓанецот Лазар Хребељановиќ, на секој начин се обидува да дојде до девојката која му „фатила око“.
- Би сакал девојката од латино стејџот да ме контактира доколку е тука во групата. Во неделата, последниот ден, помеѓу два и четири по полноќ се погледнавме и бев маѓепсан од нејзината убавина, претпоставувам затоа го изгубив умот и не се запознавме. Сигурен сум дека ако е тука во групата знае која е, се свртев неколку пати за да се уверам, вакво нешто не сум го доживеал никогаш во животот. Беше со другарка која и самата сфати за што се работи, па ако можеби е тука во групата, ве молам контактирајте ја, за да ме спаси од оваа тага. Нејзината другарка имаше шишки и црна коса, а девојката која ја барам има очи какви што не сум видел во животот. Беше благо нашминкана и имаше светки. Ви благодарам и се најдобро – гласи неговата објава.
Многумина беа воодушевени од оваа објава, особено припадничките од женскиот пол, кои позитивно се изразија за целата ситуација во коментарите, посакувајќи му на ова момче многу среќа во потрагата.