Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот и понатаму ќе остане иста, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Тој посочи дека намалувањето на цените ќе беше поголемо доколку не се зголемеше курсот на доларот во однос на денарот.
Со последната одлука што ја донесе РКЕ во петокот на 15 јули цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 102,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 104,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 98 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 денари за килограм.
извор: vecer.mk