Дали сакате да јадете слатки и одлично да заработувате? Ако одговорот на ова прашања е ДА, можеби ќе бидете совршени за новата позиција - шеф на Candy Funhouse. Доколку се вработите на оваа позиција вие би заработувале 100.000 долари годишно. Единствените работни обврски за оваа позиција би биле да ја водите стратегијата на компанијата за бонбони и да ги надгледувате набавките.
Иако Candy Funhouse се наоѓа во Онтарио, Канада, вработени во оваа компанија ќе можат да работат од дома.
Затоа што љубота кон слатките задоволства не познава граници, оваа работна позиција е отворена за кандидати од 7 до 77 години со место на живеење во Северна Америка.
„Овде, во Candy Funhouse, сите ние сакаме да се забавуваме. И кој е подобро да ја претстави нашата стратегија за Funhouse отколку некој кој е вистински фанатик за бонбони!“, рече извршниот директор на Candy Funhouse, Џамал Хејази.
Покрај „префинетиот вкус“ за бонбони, кандидатите треба да поседуваат одредени квалитети. Тие треба да бидат „храбри, креативни, родени лидери, подготвени да испробуваат нови вкусови и подготвени да го дадат своето искрено мислење за сите слатки што ги пробуваат“.
Оние кои се заинтересирани за позицијата што се случува еднаш во животот може да аплицираат на страницата за кариери на Candy Funhouse до 31 август.