Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценти на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).
Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, АД ЕСМ е задолжен да основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ, информираат од Акционерското друштво.
Исто така, АД ЕСМ е задолжен да формира уште еден ДООЕЛ-Топлификација Битола, кое ќе има обврска да го спроведува реализирањето на договорот во прва фаза кој АД ЕСМ го има склучено за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Во следните фази ова Друштво ќе се грижи за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Битола и другите две општини.
извор: skopskoeho.mk