Според претседателот на НУК и покрај сите уредно обезбедени документи и платени давачки согласно законската регулатива и согласно практиката во изминатите 30 години, оваа година ниту едно скопско друштво, односно ниту еден ноќен клуб нема добиено лиценца за работа, а ова лето сме сведоци дека познатите ноќни забави и ноќен живот не постојат.
Проблемот со кој што се соочуваат ноќните клубови е што во дополнителната документацијата им се бара имотен лист кој што е приложен од сите страни, но од некои оправдани или неоправдани причини МВР не сака да издаде согласност која што ја добивале порано друштвата за да може лиценцата да ја издаде Министерството за економија. Бараме заедничка средба со сите чинители и учесници во креирањето на судбината на ноќниот живот во Скопје со цел да се изнајде начин и можност веднаш да се најде решени за моменталната ситуација, односно како да им се овозможи на друштвата кои што ги исполнуваат во целост условите за работа и добивање лиценца, истите да им се издадат – рече претседателот на НУК.
Од НУК воедно бараат од Министерствто за економија кое е надлежно и одговорно за давање лиценци, да формира работна група или тело со кое ќе се изработат заеднички предлози за нови законски прописи за регулација на работата на ноќните клубови и нивно усогласување со европската регулатива со цел да се одржи нивото на ноќен живот како што доликува на еден главен град и метропола. Измените на законот по кој што фукционира овој сектор последен пат се направени во 2016 година, постоела иницијатива за 2019 но не се спровелаи заради ковидот.
Летните дискотеки кои работат сезонски, неполни три месеци плаќаат цела година закуп за просторот, а цената на закуп се движи од 2.500 до 10 илјади евра кои се уплаќаат авансно.