Б.КОФИ е дел од ланец на кафетерии под интернационална франшиза која во следниот период ќе отвори повеќе кафетерии на неколку атрактивни локации во Скопје.
За таа цел, компанијата има потреба од повеќе баристи со силна посветеност, пасија и ентузијазм да го подготвуваат најдоброто и највкусното кафе.
Компанијата за своите вработени нуди низа поволности и бенефиции, меѓу кои: двонеделен тренинг од акредитиран обучувач за баристи, постојани тренинзи и обуки за нови техники, можност за солидна заработка преку бонусни шеми и простор за брз раст во рамките на брзорастечка организација.
До крајот на годината, компанијата планира да прими 15 баристи кои ќе го претставуваат интернационалниот бренд во Македонија, а доколку вие сакате да бидете дел од тој тим, испратете го своето CV на огласот на следниот линк.