Германците почнаа масовно да штедат, но не се откажуваат од патувањата.
Резултатите на компанијата за истражување на пазарот „GfK“, покажуваат дека потрошувачите најмногу штедат на секојдневните намирници или производи за лична нега. Но, летово нема да штедат. Што се однесува до облеката, избираат поевтини производи.
Ефектите од инфлацијата се видливи кај секојдневните производи како што се намирниците или производите за лична нега. Севкупно, во оваа област забележан е голем пад во месеците од јануари до мај. Купени се 8,2 отсто помалку месо и сувомеснати производи, 8,5 отсто помалку свежо овошје и зеленчук и 7 отсто помалку пекарски производи.
Управниот совет на Европската централна банка оваа недела ги зголеми клучните каматни стапки за еврозоната за 0,5 отсто, завршувајќи го осумгодишниот период на негативни стапки.
Во еврозоната инфлацијата урива рекорди. Годишната стапка на инфлација во еврозоната била 8,6 отсто во јуни. Највисоки годишни стапки се забележани во Естонија (22 отсто), Литванија (20,5 отсто), а најниски во Малта (6,1 отсто) и Франција (6,5 отсто).