
Континентите на планетата Земја секојдневно се движат. По многу малку и незабележително, но движењето дефинитивно се случува. И тоа отсекогаш било така.
Во далечното минато, во времето на палеозоикот и мезозоикот, постоел суперконтинент наречен Пангеја (од хеленски Πᾶνγαία - сите земји), околу кој бил океанот наречен Панталаса (од хеленски Πᾶνθάλασσα - сите мориња). Потоа процесот на тектонски плочи почнал да го цепка овој огромен континент, најпрво раздвојувајќи го континентот Лауразиј, а потоа и Гондвана. Раздвојувањето продолжило, по што се добиле денешните континенти и океани.
Сите научни хипотези сугерираат дека Пангеја повторно ќе настане бидејќи процесот на раздвојување е повратен. Движењето на континентите денес ја потврдува оваа хипотеза.
Но, тоа е процес долг милиони години. Сепак, интересно е да видиме како би изгледале денешните меѓународни граници кога Земјата повторно би ја имала Пангеја. Европа преку Африка ќе се спои со Северна Америка и ќе биде можно од Скопје до Торонто да се патува само преку копно. Звучи интересно и научно-фантастично, но тоа навистина ќе биде случај во далечната иднина... ако воопшто човекот постои дотогаш.
извор: kajgana.com