Вака се поминува евтино во Oхрид со 140 денари за комплет оброк
Think.mk објави порака од свој читател поврзана со цените во Охрид, нашиот туристички бисер. Тој се надоврзува на претходно објавен текст од порталот, во кој се пишувало за високите цени во Охрид за време на сезоната.
- Го читав текстот за скапите цени во Охрид, и можам потполно се соглсам со вашиот читател. И јас го имав сличното искуство, со лежалки од 250 денари, макијато од 110 денари, нес кафе за 140.
Дури и рибната чорба која порано се наоѓаше и за 150 денари, сега е 250. Гирото во центар на пример е 180 денари, а тоа е речиси исто како во Грција.
Но, јас пред да тргнам за Охрид собирав искуства од пријатели, од роднини, од комшии, и читав по порталите, а најголем впечаток ми остави вашиот текст.
Затоа, решив да споделам едно друго искуство за Охрид, како освен ако си носите храна од дома на плажа, може да се помине ефтино. Да јадеш во ресторан, а цената на оброкот да чини колку едно Нес кафе во чаршијата.
Се прашувате како? Еве вака. Прашувајќи каде можам да си купам скара за носење, по нормална цена, зашто не сакам жена ми на одмор да готви- и таа дошла да одмори како човек нели, дојдов до оваа информација.
Мој пријател од Охрид ми кажа дека по охридските маркети има готвени јадења. И тоа го проверив, и цените се шарени, во зависнот нели што ќе купите, дали месо, дали само компир или ориз, па дури и летна манџа која се продава во делот за готвени јадења.
Така, открив едно место, а ми го кажа мој пријател кој е охриѓанец, каде што има готвена храна по пристапни цени, а си седиш и си јадеш како во ресторан. Се вика Village bistro, и е во состав со трговскиот центар Кам во Охрид.
Се наоѓа во близина на автобуската станица, паркинг има секогаш. За жал, во трговскиот нема дуќани, изгледа дека не им одело па ги затвориле- или се уште не се отворени.
Во трговскиот има само еден голем маркет, една дрогерија, аптека, книжара, и ова мало ресторанче со самопослужување. Греота е да се рече дека е менза, затоа што е чисто, убаво уредено, и ладничко, пријатно кога е надвор жешко.
Си седнавме со жена ми и што да видам, пријателот бил во право. Цени од 130, 150 денари за комплет оброк. Парче месо какво сакаш или риба и гарнир колку сакаш: Ориз, компир, макарони, ти ставаат од се што ќе посакаш и колку сакаш.
Се продава и вкусна шопска салата за само 50 денари. За пиење, има сокови, вода, пиво, и тоа по цени како во продавница. Парче леб се продава по цена од 3 денари. Има опција и да спакуваш за носење, ама жена ми и јас си јадевме таму.
И цените се пријатели вакви: ослиќ на скара со гарнир, 100 денари, лосос филе 120, ќофте во сос- 130 денари, пилешки крилца исто толку, ама се ова со богат гарнир.
Потоа, похован пилешки стек за 140 денари, а за исто толку ќе добиете и пилешки стек на скара. Свинска шницла похована со гарнир е 150, пилешко во кари сос исто, а жена ми јадеше селско месо со сите можни гарнири за 150 денари.
Јас јадев пилешка сницла, си нарачавме сок и вода, леб, шопска салата, и целиот ручек не чинеше 390 денари. Порциите се богати исто како и во било кој ресторан.
Ете како можеш да си поминеш и убаво и ефтино во Охрид, само треба добро да се информираш каде што и како.
Се надевам дека ова мое искуство ќе им послужи и на другите ваши читатели“. - завршува читателот на think.mk