Австриската покраина Долна Австрија размислува поради енергетската криза да го исклучи јавното осветлување на зградите и паркинзите во текот на ноќта.
Заменик-гувернерот на покраината Стефан Пернкопф побара укинување на непотребната потрошувачка на струја и посочи дека треба да се размисли дали треба да се осветлуваат јавните институции во текот на ноќта, како и паркинзите.
Тој смета и дека треба да се размисли за воведување временско ограничување за осветлување на трговските центри, излозите и слично. Вели и дека општините и црквите треба да анализираат како можат да заштедат енергија.
Во Долна Австрија, рече тој, 200.000 улични светилки се заменети со ЛЕД светилки, чиј интензитет на светлина може да се намали.
„Не можам да разбирам дека трговските центри и нивните паркинзи и излози треба да бидат силно осветлени ноќе. Таму често се троши енергија, која би била потребна на друго место“, вели Пернкопф.