Банките ги ивестуваат своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец јули ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 27.07.2022 пензионерите ќе можат да ги подигнат своите пензии на банкоматите на Банката од која што примаат пензија во секое време, додека во експозитурите на Банките пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 28 јуни до 1 јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
- 27 – ми јули (среда) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
- 28 – ми јули (четврток) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- 29 – ти јули (петок) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- 01 – ви август (понеделник) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен, потенцираат од банката.
За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство и мобилното банкарство, посочуваат од банката.
Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти, апелираат од банката.