Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина. Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).
Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможено поради рестриктивни мерки за карантин, соопшти МНР.
Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат.
извор: novamakedonija.com.mk