АМСМ информира дека денеска во прекин ќе биде сообраќајот на делницата Пресека – Песочан.
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, поради изведување градежни работи на пат, (минирање, бушење на косини на пат во двата правци), сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:00ч – 14:00ч во времетраење од 15 – 20 минути, велат од АМСМ.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
извор: kurir.mk