Цената на топлинската енергија за потрошувачите приклучени на најголемата топлинска мрежа во Скопје се зголемува за 14,18 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. Како што додаде тој, цената за корисниците на железарското греење се зголемува за 15,58%, а за оние приклучени на мрежата на Скопје Север, за 16,31%.
Останува неизвесно кој ќе ја преземе обврската да ги затоплува скопјани по раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за парното во Скопје. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).