Математичкиот генијалец Или Морина, чија сторија ја објави Мета.мк наскоро ќе добие своја математичка емисија на втората програма на Македонската радио телевизија.
Тој веќе ја сподели со јавноста првата пилот емисија, а од септември, како што изјави за Мета.мк неговата мајка Имране, ќе продолжат снимањата и ќе следува цел серијал од околу 16 епизоди.
13-годишниот Или до сега своето знаење го пренесуваше преку неговиот Јутјуб канал, а и во директна комуникација подучуваше студенти од земјава и странство.
Или Морина, како што веќе објави Мета.мк, своето образование ќе го продолжи во приватно училиште.
Целиот текст прочитајте го на meta.mk