Дел од улиците во централното подрачје на градот Скопје, на потегот од пред Собранието до пред зградата на Министерството за правда денеска ќе бидат затворени за сообраќај.
Причина за најавените мерки по сообраќајниците е официјалната посета на нашата држава на премиерот на Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, а не реализација на предвидените манифестации по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, како што беше наведено во претходното известување.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
извор: biznisvesti.mk