Парното греење од денеска поскапува за 14,18 проценти, а месецов се очекува повторно да биде прогласена криза состојба во енергетиката.
Единствена причина за зголемувањето на цената е драстичното зголемување на цената на природниот гас која е за 10 пати повисока во однос на цената која ја имавме лани.
Дoдека во Европа се намалува испораката на природен гас, во Македонија нема како да се произведе освен целосно да се увезе.
За просечна сметка од 1800 денари, значи дека ќе се зголеми за 250 денари. Од почетокот на годината цената на парното е зголемена за 28,18%, и доколку не беа субвенциите на владата од 23% сегашното зголемување на цената на парното ќе беше 51%.