Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, објави АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
извор: faktor.mk