Додека цените на становите на одредени локации во Белград се на врвот и нема индикации дека во блиска иднина би можело да има пад, поради поволните цени граѓаните во последно време особено се интересираат за имот во Грција и Турција, и други познати летни дестинации.
Во околните земји има многу атрактивни локации, претежно на брегот, а српските граѓани често се одлучуваат да регистрираат станови и куќи на нивно име во Италија, Црна Гора и Бугарија.
Најбарани се недвижности во Халикидики
Агентите за недвижности посочуваат дека српските граѓани купиле околу 15.000 имоти само на Халкидики минатата година.
Цените се движат во просек од околу 1.500 евра за м2, а ако барате стан поблиску до море, треба да платите и до 2.000 евра.
Се бараат станови и во Лептокарија
Многу популарна дестинација е Лептокарија, поради поволната клима и пониски цени.
Постарите луѓе во Грција продаваат станови во стари згради кои потоа треба да се реновираат, но има и многу станови во новите згради, како и голем број наши инвеститори.
Ваквите градби се многу добро изработени бидејќи подлежат на ригорозен надзор и се подразбира строго почитување на прописите.
Доколку сакате да купите стан во Лептокрија, треба да издвоите 1.200 евра за метар квадратен.
Расте интересот и во Италија
Меѓутоа, сега владее лудило за станови, во Трст, на бугарското приморје, бидејќи објектите се поевтини дури и од оние во Грција. Постапките не се разликуваат значително од оние што се однесуваат на локалното население.
Испадна и дека е поевтино да се купи стан во Милано отколку во Белград. Но, цените во Италија се нешто повисоки од оние во Грција, а процедурите се покомплицирани.
За да купите недвижен имот, потребна ви е дозвола за престој, освен ако не сте живееле во Италија повеќе од три години. Ако сте само повремено во оваа земја, мора да има договор за реципроцитет.
Цената повторно зависи од повеќе фактори, а во Италија просечната цена на недвижностите е околу 1.855 евра.
Турција исто така е популарна
Најпопуларни места за продажба на куќи и станови на странци во изминатиот период беа одморалиштата Аланија и Анталија.
Најмногу се купуваат имоти со една спална и една дневна. За простор од околу 60 до 70 квадрати потребно е да се искешираат околу 100.000 евра.
Во Турција недвижностите се исклучиво бизнис, а кои се предностите во однос на Грција?
Во последно време и во Турција становите поскапеа, граѓаните добиваат повеќе доколку се одлучат за купување недвижности во Турција отколку во Грција, бидејќи добиваат нов комплетно опремен стан, зградите имаат базени, сауни, фитнес центри... .
На пример, за околу 84.500 евра може да се најде стан од околу 100 метри квадратни во популарната населба Махмутлар. Станот има две спални соби, дневна, како и бања и тераса.
Друга предност во Турција е што процедурите за даноци за престој и други дозволи се поповолни и поедноставни отколку во Грција.
Во Црна Гора најголем интерес за недвижности има во Будва и Тиват
Според податоците на надлежните институции во Црна Гора, во изминатата година имало интерес на српските граѓани за купување недвижен имот, бидејќи постои тренд тие да останат што подолго на море. Евидентирана е и значителна инвестиција на турските граѓани на пазарот на недвижности.
Цените во Црна Гора скокнаа за околу 20 отсто
Според податоците на Дирекцијата за статистика, метар квадратен станбен простор е поскап за 20-25 отсто во однос на 2019 година, кога просечната цена за м2 изнесувала 1.129 евра, додека во првиот квартал од годинава цената на метар квадратен бил 1.346 евра.
Северниот дел на Црна Гора забележа значителен раст од 70 отсто.
Во овој регион пред три години просечната цена беше 795 евра за метар квадратен, а денес цената достигна 1.352 евра.
извор: bizlife.rs