Цените ќе растат, но познавачите уверуваат- нема да се соочиме со недостиг од храна. Климатските промени одамна го вклучија алармот со закани, корона кризата ги прошири последиците, руско-украинскиот конфликт сериозно удри по глобалниот синџир на снабдување. Допрва ќе бидеме погодени, септември и октомври ќе бидат загрижувачки, вели агро-бизнис еснафот...
Цените ќе растат, но познавачите уверуваат- нема да се соочиме со недостиг од храна. Климатските промени одамна го вклучија алармот со закани, корона кризата ги прошири последиците, руско-украинскиот конфликт сериозно удри по глобалниот синџир на снабдување. Допрва ќе бидеме погодени, септември и октомври ќе бидат загрижувачки, вели агро-бизнис еснафот.
Интересот за одгледување на житните култури опаѓа, приносите стануваат сè пониски. Површините под пченицата намалени. Насеани се 100 илјади хектари, на сè повеќе полиња го има и јачменот како алтернатива. Државата стои пред предизвикот да го заштити домашното производство и цената на одредени земјоделски производи или да станеме увозно зависни за основните прехранбени производи – велат земјоделците. А, за нив, ова е посебна година на справување со низа ценовни шокови и разочарувања, велат демотивирачки им се и цените на откупните производи.
Од Агро-бизнис комората очекуваат добар род по жетвата. Годишните потреби се околу 330 илјади тони лебно жито. Нашето производство покрива 250-тина илјади тони. Есента ќе биде тешка-агробизнисот и прехранбената индустрија ќе бидат под најтежок удар.
Фармерите и агробизнисот бараат сериозен пристап во финансиската поддршка за земјоделците, поголеми, но и подобро таргетиран систем на распределба, кредитни линии со пониски камати. Ќе има сè поголеми поскапувања, но и општ недостиг од асортимани на производи. Кризата со храна има широки размери.
Трговскиот дефицит сега е најголем кај месото, месните производи, млекото и неговите обработки. Суфицит сè уште остваруваме кај зеленчукот и овошјето. Владата најави нови антикризни мерки по ограничување на трговските маржи, на извозот на пченица и брашно, на огревно дрво, пелетите. Сепак институциите стојат на ставот, и да има недостиг, ќе има од каде да увеземе.