
Министерката за труд и социјална политика истакна дека 330 000 пензионери се опфатени со новата Методологија за постојан раст на пензиите која што овозможува пензијата да се усогласува 2 пати годишно согласно 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата.
Таа истакна дека ефектите од измените од законот за пензиско осигурување, пензионерите ќе ги воочат на крајот од септември кога ќе добијат од 7 до 10 проценти повисока пензија од моменталната.
„Заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери и Партијата на пензионери во Република Северна Македонија преку социјален дијалог дојдовме до измени на законот со цел подобрување на животот и статусот на пензионерите во нашата држава“ рече Министерката.
извор: skopjeinfo.mk