Професорот Лалан Кумар, кој работи како асистент по хинди на колеџот Нитишвар во Бихар, Индија, ги вратил заработените 33 месечни плати, односно плата во вредност од 23,8 милиони индиски рупии (околу 29.689,38 евра) на универзитетот.
„Немам на кого да предавам, па што ќе ми е платата? - професорот ја даде оваа едноставна логика затоа што беше обесхрабрен од студентите кои никогаш не се појавија на неговите часови.
Лалан Кумар, асистент професор по хинди на колеџот Нитишвар, рече дека се плаши од „академска смрт“.
„Ако земам плата без да предавам пет години, тоа за мене би било академска смрт. Мојата совест не ми дозволува да земам плата без настава. Дури и за време на онлајн часовите (за време на пандемијата) имаше само неколку ученици присутни на часовите по хинди”.
Директорот на Универзитетот вели дека професорот Лалан Кумар е вознемирен поради неговото барање за трансфер. Ни даде чек, но не го прифативме. Доколку сака трансфер во друг Универзитет, неговото барање ќе биде разгледано во најбрз можен рок.