Шефот на популарната манифестација, рече дека фестивалот на пивото во Минхен ќе се одржи без никакви пандемични ограничувања од 17 септември до 3 октомври.
Октоберфест првпат се одржа во 1810 година во чест на венчавката на престолонаследникот Лудвиг од Баварија и принцезата Тереза, а беше откажан десетици пати, најмногу поради војни и пандемии.
Се додава дека во годините пред избувнувањето на корона вирусот, на годишните прослави присуствувале околу шест милиони луѓе, од кои многумина биле облечени во традиционална баварска облека.
Како што најавија организаторите, годинава ќе има 487 пиварници, ресторани, скара за риба и месо, продавачи на вино и други пијалоци, а работното време ќе биде подолго од претходно – од 9 до 22:30 часот.
Еден литар пиво оваа година ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, што е зголемување од околу 15 отсто во споредба со 2019 година, се наведува на официјалната веб-страница на Октоберфест.
извор: biznisinfo.mk