Сакаш предизвици и поразлична работна средина?
Сакаш да ја смениш околината и да се запознаеш со нови луѓе?
Имаш желба да споделуваш и да се стекнуваш со знаења од областа на технологијата?
Дојди да работиш во Софија или Бургас во продавниците на А1 Бугарија – дел од Telecom Austria Group
Твои бенефиции:
- месечна плата до 1 100 лева по 6 месечен пробен период (околу 440 EUR нето);
- секој месец бонус од 500 лева (около 200 EUR нето) врз основа на твоите постигнати резултати (без ограничување во случај на надминување на зададените цели);
- можност за дополнителен бонус доколку одлично се покажеш за време на твојата обука;
- учество во месечни и годишни натпревари врз основа на постигнати резултати (со големи материјални и парични награди);
- програма за препорака на колеги со бонуси од 300 лева (около 120 EUR);
- бесплатен интензивен курс по бугарски јазик во времетраење од една недела;
- ментор, кој ќе се грижи за твојата обука;
- бесплатен телефон, разговори и интернет;
- бесплатно здравствено осигурување;
- работа во тим со исклучително мотивирани продавачи;
- можност да се придружиш кон лидерот на пазарот на телекомуникациите на Бугарија;
- Подготвување на потребните документи за престој и работа во Бугарија на сметка на А1 Бугарија, како и помош при наоѓање на сместување (околу 100 EUR).
Што очекуваме од тебе:
- Да ги услужуваш корисниците на А1 Бугарија на ниво според определените стандарди за квалитет на компанијата;
- Да остваруваш продажби и да ги задржуваш корисиците согласно целите кои ти се поставени тебе лично, како и целите кои ви се поставени како тим на месечно ниво;
- Да градиш позитивен однос при комуникација со корисници,
- Да спроведуваш плаќања и административно да ги реализираш остварените продажби;
- Да се запознаеш со пазарот на телекомуникациски услуги на Бугарија.
Заинтересирани сте за почеток со кариера во А1 Бугарија?
Испратете CV на следните огласи: