Нова научна студија го доведува во прашање долгогодишното мислење дека жените живеат подолго од мажите.
Во истражување, кое опфатило период од два века низ речиси сите држави во светот и на сите континенти заклучокот е дека иако мажите имаат помал очекуван животен век од спротивниот пол, тие сепак имаат значителна шанса да ги надживеат.
Студијата ја спровеле дански научници, тие анализирале податоци за животниот век на мажите и жените низ 199 земји од светот и утврдиле дека мажите имаат поголема веројатност да ги надживеат жените, особено оние кои се во брак или имаат високо образование.
Анализата исто така открила дека во развиените држави веројатноста мажите да ги надживеат жените паѓала до 1970-тите години, по што постепено започнала повторно да се зголемува меѓу целото население. Подемот и падот во разликата на очекуваниот животен век главно се должи на пушењето и други разлики во однесувањето.
Според научниците подобри сознанија би можеле да се добијат доколку се анализира животниот век на двата пола во различни држави.