
Населението на Земјата достигна 8 милијарди луѓе, според веб страница која прави статистика и мери во реално време за моменталното население на сите држави.
Денес популацијата на Земјата е 8 009 183 260, од кои 4 041 075 065 или 50.5% се мажи, а 3 968 108 328 или 49.5% се жени.
Најнаселени држави се Кина со 1 456 069 771 жители или 18.8% од популацијата, потоа е Индија со 1 415 020 594 или 17.7% и САД со 336 590 217 жители или 4.2%.
Најголем дел од попуплацијата на Земјата живее во Азија со 60%, а во Европа живеат под 10%.