Натпреварот во лежење, кој е единствен во Европа во Црна Гора, а кој по 11-ти пат се организира во етно-селото „Монтенегро“ во Брезна, во Пива, вчера собра девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград кои ќе се борат за парична награда од 350 евра.
Натпреварувачите рекоа дека се надеваат дека ќе го соборат рекордот што минатата година го постави Дубравка Алексиќ од Подгорица, која стана по 117 часа лежење.
Еден од браќата Благојевиќ, кои го организираат натпреварот, Милоња Миќо, потсети дека правилата не се променети во однос на минатата година и дека натпреварувачите очекуваат бројни награди.
„Јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон... – се е дозволено освен станување. Одењето во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вредноста на „утешните“ награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и многу други награди од спонзорите“.