Корисниците ширум светот масовно пријавуваат проблеми на Фејсбук.
Имено, според корисниците, нивните редовни објави повеќе не се прикажуваат на почетната страница.
Наместо тоа, на почетната страница се прикажани објави од непознати луѓе кои објавуваат на страници на познати луѓе. Погледнете како изгледа во галеријата.
Корисниците и на другите социјални мрежи пишуваат дека утринава нивниот Feed бил преплавен од стотици објави на непознати луѓе и никому не му е јасно што се случува. Станува збор за коментари објавени на страниците на славни личности како Тејлор Свифт, Еминем, Двејн Џонсон и други.
Проблемот е забележан и во средата наутро на DownDetector, кој наведува дека најмногу проблеми се забележани на апликацијата (73%), додека во 23% од случаите проблемот е забележан на веб-страницата и 4% при логирање на самиот Фејсбук.
Фејсбук сè уште нема официјално соопштение, па причината за овој проблем се уште не е позната.
Експертите објаснуваат дека се работи за „баг“, а британски „Метро“ пишува дека се чини дека тоа не влијаело на апликацијата за паметни телефони
Некои корисници наведуваат дека е бесмислено да се јавите во службата за корисници бидејќи добиваат само автоматски одговор.
– Почетната страница е полна со објави на познати личности, едвај можам да видам ниту една корисна објава, вели еден корисник.