За да ја преживеат зимата, дел од фирмите ќе мораат да затворат и да ги отпуштат вработените - Бараат помош преку субвенционирање на дел од сметките за струја, укинување на ДДВ, намалување на процедурите за инсталирање фотоволтаици.
Субвенционирање на дел од сметките за струја, укинување на ДДВ, намалување на процедурите за инсталирање фотоволтаици. Бизнис заедница со конкретни предлози до Владата – се со цел да ја преживеат зимата. Во спротивно, ќе мора дел од фирмите да затворат и да ги отпуштат вработените.
– И да не мора да ги затвораат капацитетите, состојбата со цената на струјата е сериозна. Фирмите кои работат 3 смени, сега работат една, оние кои работат една – нема да работат ни една. Со вакви цени, нема да бидеме конкурентни, ниту пак рентабилни, изјави Трајан Ангелоски, ССК.
– Нашите предлози беа – укинување на ДДВ за струја и државата да ни покрие одредена сума во сметките, како и да ги намали процедурите за инсталирање фотоволтаици, изјави Неби Хоџа, претседател на Комора на Северзоападна Македонија.
Владата прогласи кризна состојба во енергетиката, со што ќе може на државната ЕСМ да и префрла буџетски средства за набавка на јаглен и мазут. Јавните институции ќе мора да заштедат до 15 % од потрешената струја истиот месец лани, а домаќинствата и фирмите – ќе добијат препораки како да штедат. Инаку на светските берзи, од каде купуваме струја за фирмите, денеска цената надмина 700 евра за мегават.
целиот текст е на vesnik.com