Сѐ потешко се скенираат фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“, реагираат граѓаните.
Скенирачните на сметки велат дека откако минатиот месец се вршеше прилагодување и ажурирање на апликација, не секоја сметка сака да се скенира од прва, а и повеќето сметки воопшто „не поминуваат“ на опцијата за скенирање.
Повеќето сметаат дека проблем е апликацијата.
Од УЈП тогаш соопштија дека се работи на унапредување на апликацијата со која граѓаните вршат поврат на средствата од ДДВ.
Се' уште важат фискалните сметки кои не може да се скенираат, но секако тоа е можно преку опцијата да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.
извор: skopjeinfo.mk