Во Германија секоја година се „перат“ околу 100 милијарди евра, поради што земјата често се нарекува „рај за перење пари“, а експертите сметаат дека има уште многу простор за подобрување на борбата против овој облик на криминал.
Во извештајот подготвен од париската организација Financial Action Task Force (FATF) се наведува дека државните власти успеваат да го следат протокот на само еден процент од тие 100 милијарди и се посочува дека овие пари потекнуваат од нелегални активности, како што е трговијата со дрога. оружје и луѓе, пренесува агенцијата V4.
Како што е наведено, економската важност на Германија и нејзините обемни меѓународни врски ја прават земјата многу привлечна за секој кој сака да ги пере нелегално заработените пари, на пример преку сомнителни договори за недвижности или индустријата за коцкање.
Според експертите од ФАТФ, најголем проблем е надзорот на нефинансискиот сектор, а причината е фактот што за тоа се одговорни стотина институции на федерално ниво, па координацијата меѓу регионалните власти останува голем предизвик.
Со цел да се реши овај проблем, владата во Германија предложи да се формира нова институција - Федерална полиција за финансиски криминал, која би имала максимални овластувања во борбата против перењето пари.