Кога ќе се разбудат, не седнуваат веднаш пред компјутер за проверат мејл, туку си посветуваат време само на себе.
Како изгледа нивното утро?
Стануваат рано
Кој рано рани, две среќи граби. Се будат во 5:30, а некои дури и порано за да го почнат денот.
Трошат калории
Се трудат да ги потрошат калориите кои ги внеле, но тоа не мора задолжително да биде низ интензивни вежби. Доволно е и практикување јога, која помага во борбата против стресот.
Работат на мотивација
Секојдневно работат на одржување на мотивацијата, читајќи добри вести од бизнис светот или се присетуваат на поговорки и изреки кои инспирираат труд и работа.
Благодарни се за тоа што го имаат
Среќа, меѓу останатото, значи и да го сакате тоа што веќе го имате. Запишувајте секој ден барем по една работа за која сте благодарни дека ја имате.
Поставете си важно прашање
Ако е денес последниот ден од вашиот живот, дали и понатаму би сакале да го правите тоа што мора да го направите денес?