Почетоците на работењето на ФЕРШПЕД датираат од 1968 година, кога во рамките на Железниците на Македонија заради извршување на шпедитерски услуги во внатрешниот и меѓународниот транспорт формирана е самостојна работна единица ФЕРШПЕД.
По многуте промени на законските одредби, структурните рамки, системските решенија, интеграциони и транзициони процеси во земјата, Фершпед го добива својот конечен лик на целосно приватизирана компанија во 1995 годинa.
Услугите на компанијата се од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење и нив ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Низ годините на нашето постоење бевме сведоци и директни учесници во градењето на некои од позначајните индустриски објекти и коплекси во Македонија ( проектите ФЕНИ, ТЕЦ Неготино и сл.).
Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство, игри на среќа преку купување акции во тие дејности од стопанството.
ФЕРШПЕД АТ Скопје за своите тековни потреби објавува оглас за вработување на следната позиција:
РЕФЕРЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ