Facebook, Instagram и WhatsApp наскоро би можеле да воведат специјализирани функции за корисниците кои се подготвени да платат за нив. Меtа формира нова поделба на компанијата наречена „New Monetization Experiences“ која ќе се фокусира на плаќање на функции на апликациите на компанијата.
Додека Facebook и Instagram веќе имаат голем број платени функции специјализирани за креаторите на содржини (ѕвезди, платени настани и разни производи за претплата), се чини дека новиот дел од компанијата ќе работи на други иницијативи.
Сè уште не е познато какви платени функции се во план, но потпретседателот на Меtа за монетизација Џон Хегеман изјави за „The Verge“ дека компанијата внимателно ќе ги следи другите социјални мрежи. Twitter, Snapchat и Telegram неодамна воведоа месечни претплати кои им даваат на плаќачите ексклузивни функции.
Мнозинството, погодувате, одговорија со „не“.