Почна школската година. Автобусите и улиците се преполни со повозрасни ученици и родители кои ги разнесуваат помалите. Претходно сме се фокусирале на проблемот со паркирање автомобили пред училиштата. Сега би сакале да се фокусираме на еден друг проблем кој стана лесно забележлив со почетокот на школската година. Хаосот на автобуските постојки!“.
Кога помал број луѓе се качуваат и симнуваат од автобусите и кога има помал број линии, велат вело-активистите, проблемот со движењето со точак низ автобуски постојки не е толку лесно видлив.
„Кога бројот на луѓето кои се качуваат и симнуваат од автобусите е поголем, бројот на линии е поголем, а исто така пораснал и бројот на луѓето кои користат точак, проблемот станува многу лесно видлив. А дополнителна гужва прават и меѓуградските приватни автобуси и комбиња кои ги користат автобуските постојки за оставање и земање на патници“, посочува иницијативата.
Од иницијативата прашуваат какво е тоа сообраќајно решение каде во иста точка се качуваат и симнуваат луѓе од автобус и минува велосипедски сообраќај?
извор: radiomof.mk